Citroen со специјaлна верзија на C1

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител Citroen за европскиот пазар ја подготви специјалната верзија на моделот C1 која доаѓа со додавка “Millenium” во самиот назив.

Станува збор за верзија која се базира на Feel нивото на опрема, а во самата верзија доаѓа со мали естетски додатоци, пред се во внатрешност. Доаѓа со двобојна каросерија, нови 15 инчни алуминиумски фелни, затемнети задни стакла како и нови LED светла.

Во понудата ќе бидат достапни нови бои, а во внатрешноста нови седишта со нов оков. Со оваа верзија достапен е и кожниот управувач и мануелен менувач.

Што се однесува до моторот, под хаубата оваа верзија е достапна со 1,0 литарски трицилиндрен бензински мотор кој продуцира максимални 72 КС. Почентата цена во Франција изнесува 14.250 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK