Секоја година порталот од Велика Британија, What Car спроведува големо истражување на безбедноста и доверливоста на моделите. Повеќе од 13.000 возачи учествуваат во анкета во која одговараат дали нивното возило има проблеми во последните 12 месеци, кои проблеми ги имале и дали поради тоа морале на сервис. Деталното истражување доведе и до избор на најдобрите десет теренци.
На 10. место се наоѓа Volkswagen T-Roc.
Кај него повремено се јавуваат проблеми со моторот кои се отстрануваат за многу кратко време.
Деветтопласираниот Skoda Kodiaq, кој може да има проблеми со електрониката на бензинскиот мотор и поради тоа е потребно повеќе работа во сервисите (околу една недела).
Седмото место го делата Mazda CX-5 i Porsche Macan.
Mazda повремено има проблеми со електрониката, а посебно се квалитетни моторите на бензин. Кај Porsche повремено се јавуваат проблеми со менувачот. Добро е што кај повеќето возила дефектите се јавуваат во текот на гаранцијата. Надвор од гарантниот период цената на поправка на менувачот е 1.000 евра.
Opel Mokka е на 6. место со ретки проблеми со електрониката, а петтопласираниот СУВ според задоволство на анкетираните е Ford Kuga кај кого се споменуваат мали проблеми со каросеријата.
На одличното 3. место е Mazda CX-3 кај која се јавуваат помали проблеми со инфо-забавниот систем.
Втор е BMW X1 кај кого се издвојува ретка група на дефекти на ладење мотори, а најдобриот Mini Countryman со мали проблеми со електрониката. И покрај наведените ситни дефекти, ова се десетте најдобри СУВ со висока оценка на задоволство на анкетирани возачи.