Забрането паркирање за електрични возила во подземни гаражи

ОБЈАВЕНО НА:

Сопствениците на електричните возила на нови маки. Откако зголемената популарност и се поголемата продажба предизвика недостаток на полначи, сопствениците сега се соочуваат со нов проблем – забрана за паркирање во подземни гаражи.

Ваква одлука донесе германскиот град Кулмбах каде властите забранија паркирање во подземни гаражи, пренесува InFranken.de.

Причината за оваа одлука се честите пожари кои ги зафаќа електричните возила односно се самозапалуваат. Оттука, гаснењето на електричните возила е многу покомпликувано, подолго трае и секако, потешко да се изгаснат. Ова особено се компликува доколку возилото е паркирано во подземна гаража каде пристапот е ограничен.

Ако повеќето гаражни оператори се одлучаaт на овој потег т.е. да забранат паркирање на електрични возила тогаш и тоа како ќе претставува проблем во популаризацијата и понатамошното ширење на електричните возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK