Volkswagen почна да прима резервации за ID.4 GTX

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Volkswagen објавија дека во продажните центри на брендот веќе се примаат резервации за купување на првиот претставник од спортската верзија од целото електрично семејство ID на брендот.

Volkswagen ID.4 GTX, кој беше претставен само пред неколку дена е достапен за нарачка по цена од нешто над 25.000 евра во Германија, а локалните корисници имаат можност да ги користат владините субвенции и отстапки во размер од 7.500 евра.

„ID.4 GTX e нашиот прв целосно електричен спортски модел со брендот GTX. Тој нуди чувство за прakтичност во комбинација со задоволство од управувањето“, коментира Клаус Целмер, член на бордот на одделението за продажби, маркетинг и после продажно опслужување на Volkswagen.

ID.4 GTX е првиот модел на брендот, базиран на модулната и специјално развиена модлна платформа МЕВ за автомобили, која располага со два електромотори и систем за погон на четири тркала и се одликува со поатрактивен дизајн и нови дизајн елементи.

Volkswagen ID.4 GTX добива по еден електромотор за предните и задните тркала, чија вкупна моќност е 299 коњски сили. Како резултат на интеграцијата на тоа технолошко решение, електромобилот се справуа со наклон од 37,5%, може да забрза од 0 до 60 км/ч за 3,2 секунди и од 0 до 100 км/ч за 6,2 секунди. Максималната брзина на движење е електронски ограничена на 180 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK