Полицијата го сопрела и се шокирала: Возел и седел на гајба пиво!

ОБЈАВЕНО НА:

Австрија се смета за земја која е добро уредена и во која не можат да се видат слики кои се главно прилика за посиромашните земји. Сепак, веста која доаѓа оттаму докажува дека и најмало бегање од прописите е казниво.

Автомеханичар од Горна Австрија одлучил со старо Audi A6 да помине четири километри од куќата до работилницата. Проблемот бил во тоа што возилото немало предни браници, лакови за тркала, а место возачко место механичарот ставил гајба од пиво.

Меѓутоа тие четири километри биле доволни за да го фати полицијата. Секако си заработил и висока казна бидејќи немало ниту налепница за извршен технички преглед ниту регистерски таблички.

Полицијата ја фотографирала внатрешноста и гајбата од пиво на местото на седиште. После ова полицајците и се шегувале, но на возачот очигледно не му е до забава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK