GTX- Спортските електромобили на Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

После утврдувањето на пазарот на амблемите GTI и GTE, Volkswagen продолжува да ги развива подсемејствата со најава на онаката GTX, со која ќе се означуваат спортско ориентираните претставници на целосно електричното семејство ID. на гигантот.

Првиот GTX автомобил на Volkswagen ќе биде претставник на електромобилот ID.4, а светската премиера е планирана за 28 април. Како тој, така и сите идни GTX пазарни понуди на брeндот ќе се одликуваат со надграден дизајн и динамични параметри.

Друга карактеристична линија ќе биде погонот на четири тркала, кој ќе работи адаптивно при неопходност од повеќе контакт или динамика, но ќе може да биде активиран и рачно со помош на дополнителниот режим на работа Traction.

„Буквите GT долго означуваа задоволство од управувањето. Сега Х го гради мостот кон мобилноста на иднината. Одржливоста и спортот не се исклучуваат взаемно, а се дополнуваат на интелигентен начин“, вели Клаус Зелмер, член на Управниот одбор на одделот за Маркетинг и Продажби на брендот Volkswagen.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK