Lamborghini Miura е еден од најпопуларните и најбараните кај љубителите на олдтајмерите. Овој модел дебитираше на саемот за автомобили во Торино во 1965 година, а веќе следната година влезе во сериско производство.
Во периодот од 1966 до 1973 година од овој модел произведени се само 764 примероци.
Еден од овие примероци е поставен на аукција. Произведен е во 1971 година и ја носи ознаката P400 SV Speciale.
Под хаубата располага со бензински мотор кој продуцира максимални 380 КС и е еден од најмоќните примероци на Miura. Оттука и почетната цена која изнесува 2,15 милиони американски долари.