Електричниот Volkswagen ID.4 со тригодишно бесплатно полнење

ОБЈАВЕНО НА:

Северноамериканскиот дел на Volkswagen објави дека како резултат на потпишаниот договор со компанијата Electrify America, идните сопственици на целосно електричниот СУВ модел на брендот – ID.4, ќе можат да сметаат на можноста за тригодишно бесплатно и ограничено полнење на своите електромобили на станиците за брзо полнење на американската компанија.

Идните сопственици на Volkswagen ID.4, кои ќе ги одбележи светската премиера ќе добијат бесплатен пристап до повеќе од 470 локации за полнење, во кои се вклучени повеќе од 2.000 брзи полначи.

Од Volkswagen коментираат, дека во моментов Electrify America е единствената јавна мрежа на станици за полнење, која нуди можност а брзо полнење на електромобили со инсталации до 350 киловати.

Плановите на американската компанија се за зголемување на базата до вкупно 800 точки за полнење со околу 3.500 брзи полначи до декември во 2021 година.

 

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

АКО СЕГА БИ КУПИЛЕ АВТОМОБИЛ, ТОЈ БИ БИЛ СО?

дизелски мотор
55.67% | 393 од 706 ГЛАСА
бензински мотор
14.73% | 104 од 706 ГЛАСА
електричен
12.75% | 90 од 706 ГЛАСА
плаг-ин
10.76% | 76 од 706 ГЛАСА
хибрид
6.09% | 43 од 706 ГЛАСА

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK