Продажбaта на електрични возила во Германија е трипати зголемена – стигна до 200.000

ОБЈАВЕНО НА:

Германија отсекогаш била земјата коjа го диктира трендот во автомобилската индустрија во Европа. Оттука, во наредните години следи голем бран на популаризација на електричните возила.

Ова може да се утврди од последно објавените продажни бројки за 2020 година од страна на KBA.

Според истите, минатата година во споредба со 2019 година, во Германија продадени се за три пати повеќе електрични возила, достигнувајќи ја бројката од 194.163 примероци.

Најголем пазарен удел од 23,8 во поглед на продажбата на целосно електрични возила има Volkswagen. На втората позиција следи Renault со 16,2% додека на третата Tesla со 8,6%. Во најпродаваните 10 брендови на електрични возила се наоѓаат уште и: Smart, Hyundai, BMW, Audi, Skoda, Mercedes и Volvo.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK