Porsche со пад на продажбата во првата половина од годината

ОБЈАВЕНО НА:

Porsche ги објави официјалните продажни перформанси за првата половина од годината. Според истите, германскиот производител оствари очекуван пад на продажбата.

Така во првите шест месеци на глобално ниво Porsche продаде 116.964 нови возила што претставува пад за 12% во однос на истиот период минатата година кога е остварена продажба од 133.484 возила.

Најпродаван модел на Porsche во овој период е Cayenne со продадени 39.245 примероци, а со продадени 34.430 примероци следи Macan. Трет најпродаван модел е 911 со продадени 16.919 примероци.

Во однос на географската дистрибуција, Кина и натаму останува најголем пазар на Porsche. Во оваа земја се продадени 39.603 возила што претставува пад за 7% споредбено со истиот период минатата година. Во Европа продадени се 32.312 возила, а во САД 24.186 возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK