Нов Golf 8 си е нов – ама што нуди најевтината верзија и зошто е црна?

ОБЈАВЕНО НА:

На конфигураторот кој е достапен на сајтот за произведувачот во Германија може да се види како изгледа и што се нуди сè од опрема на најевтините опции на популарниот модел на Volkswagen. Исто таква опција навистина може да се купи, а малку е веројатно дека во Германија некој ќе се одлучи за оваа варијанта. Цената е 19.995 евра со што ја руши границата што почнува со бројот 2.

Овој основен Golf се нуди во Urano Gray темно сива нијанса на надворешноста, додека ентериерот е црн. Ако се прашувате зошто не е достапен во бела надворешност одговорот е дека која било друга нијанса, па и обична бела боја се доплаќа. Основниот Golf 8 е на 15-инчни челични тркала, кои ги покриваат украсни раткапни со едноставен дизајн.

Погледот во внатрешноста открива дека ни соголената верзија не е сиромашна со опрема. Имено, основниот пакет вклучува даигитална инструмент табла, екран со мултимедија систем со сосема солидна големина, како и автоматски клима уред. Покрај тоа на купувачите на располагање им е и бесконтактно отклучување на возилата и старт на моторот, LED фарови и некои современи системи за асистенција, како што е предупредување за напуштање на сообраќајната лента по која се движи автомобилот.

Со оглед на тоа што станува збор за основен бензинец, под хаубата не треба да се очекува чудо. Најевтиниот Golf за погон користи трицилиндричен 1.0- турбо бензинскимотор од 90 коњски сили, кој е спарен со 5-брзински мануелен менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK