Grandeur – новиот премиум автомобил на Hyundai

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појавија првите фотографии од седмата генерација на моделот Grandeur кој на одредени регионални пазари е познат и под името Azera.

Од истите може да се забележи дека преднито дел е инспириран од моделот Sonata, а целокупниот дизајн е и повеќе од одличен истакнувајќи одредени премиум елементи, особено во внатрешноста.

Засега нема никакви информации околу тоа кога ќе стартува производството на новата генерација. Неофицијално се дознава дека тоа ќе се случи кон средината на следната година. При тоа во понудата, купувачите ќе може да бираат помеѓу четири мотори: 2.4 GDI, 3.0 MPi V6, 3.0 GDi V6 и 3.5 MPi.

Овој модел кој не е дел од европската понуда на Hyundai, за прв пат се појавува во 1986 година како ребрендиран Mitsubishi Debonair. Досега се лансирани вкупно шест генерации. Последната и актуелна датира од 2016 година и се продава во Азија и Северна Америка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK