Купил Audi RS Q8 и по 20 дена заврши во канал

ОБЈАВЕНО НА:

Супер моќниот Audi RS Q8 автомобил заврши во канал во малиот холандски град Реувијк Дорп само 20 години откако излезе од продажниот салон.

Најзаслужен за тоа е несреќниот сопственик кој изгубил контрола додека возел и завршил во каналот Керквег кој бил исполнет со вода. Иако завршил без повреди, сепак автомобилот се здоби со материјална штета, а во внатрешноста беше навлезена водата.

Овој моќен автомобил е опремен со 4,0 литарски V8 мотор кој продуцира неверојатни 591 КС при 800 Nm обртни моменти. До стотка забрзува за само 3,8 секудни додека за 13,7 секунди забрзува до 200 км/ч.

Ова доволно кажува за тоа како е можно да се изгуби контрола врз овој автомобил особено ако возачот бил без големо искуство.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK