Работниците на Hyundai во Чешка со големо покачување на платите

ОБЈАВЕНО НА:

Невработеноста во Чешка е најмало во Европа, само 3,4 отсто според Еуростат, и многу компании се жалат на недостатот на слободна работна сила. Тоа е една од причините и за зголемување на платата. Тој благодет сега ќе го почувствуваат вработените во фабриката на Hyundai кои ќе добијат просечно покачување од 12 отсто, што е највисоко во последно време кај големите производители во Европа.

Авто индустријата е важен дел во извозно ориентираната држава со 10,6 милиони жители, а фабриката на Hyundai е една од трите најголеми во државата. Заедничка инвестиција имаат и Toyota и PSA Group, а сепак најголем извозник е Skoda дел од Volkswagen групацијата.

Во Словачка се произведуваат моделите на Hyundai, i30, ix20, ix35 и Ticson, и тоа во погоните во Носовице. Работниците на Hyundai ќе добијат 4,5 отсто покачување на основната плата годинава, и 4,6 отсто зголемување следната година, додека бонусите ќе се исплаќаат како додатоци. Во претходниот колективен договор зголемувањето беше во просек 8 отсто вклучувајќи и бонуси.

Работниците во Skoda преговараа да добијат рекорден бонус од 90.000 круни (околу 3.600 долари) за годинава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK