Корисна новина: Мобилен вулканизер доаѓа каде и да сте во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Ако имате незгода со гумата на автомобилот, и не можете самите да се справите со проблемот можете едноставно да ги побарате на 075 307 847. Таму ќе ви одговори Александар и ќе можете да бидете безгрижни.

Ви се дупна гумата, а немате резервна! Или пак сте облечени свечено и не сакате да се валкате! Немат екому да се јавите да ви помогне при замената на гумата, или пак едноставно шрафовите се премногу затегнати и неможете да ги помрднете! Не се грижете, сега има и мобилен вулканизер кој ќе дојде каде и да сте во Македонија.

Од неодамна функционира MTS Team – Mobile Tire Service чие мото е „пријатели во неволја“.
Ако имате незгода со гумата на автомобилот, и не можете самите да се справите со проблемот можете едноставно да ги побарате на 075 307 847. Таму ќе ви одговори Александар и ќе можете да бидете безгрижни.

„Ние постоиме веќе 10 години, но како мобилен вулканизер почнавме со работа пред еден месец. без разлика каде и да сте и имате проблем ние сме тука да помогнеме. Засега имаме само една мобилна екипа, но поради зголемениот интерес веројатно брзо ќе дојде на ред и второ опремено комбе, вели Александар.

Ако ги повикате ќе платите еднократно 400 денари за да дојде мобилниот тим, и дополнително за лепење на гумата, или пак ставање чепче. Цените за услугата се исти како и во секој вулканизерски сервис.

Услугата на мобилен вулканизер е достапна во Скопје, но и на секој друг терен каде би имале вие потреба. Наплатата за излегување од Скопје е 40-50 денари од минат километар во зависност од тоа дали има патарини или не.

Добро е да знаете дека секаде каде може да имате проблем имате кому да се јавите. Пријателите се познаваат во неволја!

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK