Базирајќи се на бројот на продадени автомобили во јуни во земјите од Европската Унија, како најбаран односно најпопуларен бренд може да се прогласи Volkswagen. Овој германски производител во јуни годинава испорачал 167.882 нови автомобили.
По германскиот бренд следи Renault на втората позиција со продадени 128.023 автомобили. Најдобрата тројка ја сочинува уште еден француски бренд. Станува збор за Peugeot кој во јуни продаде 89.175 нови автомобили.
Најдобрата петорка ја сочинуваат уште и Ford и Opel со продадени 84.528 односно 81.884 автомобили.
Инаку официјалните податоци покажуваат дека во јуни годинава се продадени 7,8% помалку возила споредбено со истиот месец минатата година. Земајќи ја во предвид продажбата во првите шест месеци, во Европа поточно ЕУ се продадени 8.183.562 автомобили што е за 3,1% помалку во однос на првата половина од минатата година.