Внимание: Во Бугарија на патиштата ќе демнат пресретнувачи

ОБЈАВЕНО НА:

Традиционалните радари покрај патот и „солидарноста“ од другите возачи со предупредување од спротивната страна со сигнализирање со светло ќе заминат во историја, барем во Бугарија. Во иднина сообраќајната полиција ќе ги „лови“ брзите и невнимателни возачи со специјални необелжани возила – пресретнувачи.

Сообраќајната полиција на Бугарија објави тендер за јавни набавки за купување моќни автомобили за извршување на тајни контроли на автопатиштата. Се работи за автомобили со голема брзина, кои ќе бидат опремени со камери.

Идејата е да можат да ги сопираат брзите автомобили што нема да се придржуваат на пропишаната брзина. Според последните податоци во Бугарија се вози со брзина од 260 км/ч. на автопат “Тракија” и со 160 км/ч. во Софија.

Податоците се од спроведена анкета со над 36.000 возачи. Во таа анкета се тврди дека девет од десет возачи барем еднаш ја надминуваат дозволената брзина во последната година.

Извештаите на сообраќајната полиција покажуваат дека преку 40 % од 1,3 милиони прекршоци и повредени патот што се случиле минатата година биле токму поради возење со голема брзина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK