Бараат казна: Ја возел ќерката врзана за комбе (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Турските власти уапсиле возач од Истанбул откако бил снимен како ја вози сопствената ќерка врзана за задниот дел од комбето. Откако видеото се појавило на социјалните мрежи предизвика бурно јавно незадоволство низ целата земја. А возачот Идрис К. бил уапсен еден ден по објавувањето на видеото, пишива весникот „Хуријет“.

Видеото било снимено од друг автомобил што се движел позади комбето во градот Чанкер во северна Турција и стана едно од најгледаните видеа на социјални мрежи во земјата. Илјадници луѓе ги повикале властите да го казнат возачот.

Но стигнал и одговорот на возачот.

“Мојата ќерка има 13 години. Таа сака да патува така”, изјави Идрис К. во полицијата. Тој тврдел дека ја возел неговата ќерка само околу 700 метри со со брзина од 15-20 км / ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK