Tesla Model 3 постави рекорд за безбедност (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку месеци после дебито на европскиот пазар Tesla Model 3 стана најбезбедниот автомобил, кој бил тестиран од независната организација Euro NCAP. Американскиот електромобил постави апсолутен рекорд за тестирње, добивајќи рејтинг од 94% за работата на системите за активна безбедност. Претходно највисокиот резултат беше на Citroen C5 Aircross со 82%.

Model 3 добива многу високи оценки и во стандардните краш тестови, кои симулираат челен и страничен удар. Малата Tesla доби 96% за заштита на возачот и сопатниците.

Според Euro NCAP слабости се воочени само при челен судир по целата ширина на предницата и страничен удар со столб или дрво. Во првиот случај сигурноста на патниците се оценува само како „доволна“, а во вториот постои ризик за здравјето на возачот.

Рекордно високиот бал на Model 3 се должи најмногу на многубројните помошни системи, а особебо на асистент за контрола на движењето на лентата и автоматското запиање. Во видеото публикувано од Euro NCAP, се гледа колку брзо и прецизно работа сензорите дури и во мракот и под услови на ограничена видливост.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK