Револуција кај електричните возила: Со десет минути полнење – 320 километри возење

ОБЈАВЕНО НА:

Научниците од Државниот универзитет во Пенсилванија развија технологија за брзо полнење на јон-литиумските акумулатори преку греење. Новиот метод дозволува зголемување на километражата на електромобилите за 320 километри и тоа само десет минути после вклучувањето на уредот за полнење.

Користените јон-литиумски батерии не дозволуваат толку брзо полнење, со оглед на тоа што предизвикува одложување на литиумот над анодите и го крати нивнот живот. Решението е акумулаторот да се загрее до 60 степени според Целзиус, не само при полнењето туку и при ослободувањето на енергија.

Бидејќи ниту електромобилот не може постојано да ја оддржува неопходната топлина, ниту батеријата да се вади за секое полнење, екипата од Пенсилванија во акумулаторот вградила самозагревачка никел структура, која достигнува работна температура за само 30 секунди. Так при брзо полнење се избегнува одложување на литиум над анодите.

Авторите на пронајдокот тврдат дека новиот метод за полнење дозволува до 1700 циклуси полнење/празнење без влошувње на квалитетот на батеријата. Според екипата времето за полнење може да биде намалено до пет минути при подобрување на електролитите, а бројот на циклусите да биде зголемен до 2500, што е доволно да бидат изминати 804.500 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK