Десетте најскапи и најевтини градови за странци – тука е и Скопје

ОБЈАВЕНО НА:

Во најновото рангирање за градовите низ целиот свет за тоа кои се најскапи, а кои најевтини за луѓето кои рабоат во странство донесе интересна листа на десетте градови во двете конкуренции. Во едната од нив се најде и Скопје.

Хонгконг е најскапиот град и годинава. Според компанијата Mercer, азиските градови и понатаму доминираат на листата на најскапите места за странци.

Во рамки на проучувањето се споредувани над 200 артикли во 209 града низ светот. Тука станува збор за работи од алкохол, облека, храна… па се до забава и живеалиште (кирија). Осум од десетте најскапи места се во Азија, а причината се крие во голем степен во моќните пазари за живеалишта.

Скопје е на листата на најевтини градови, а се најде на 9. позиција така што ова е добар податок за странците кои работата во главниот град на Македонија.

ТОП 10 НАЈСКАПИ ГРАДОВИ ЗА СТРАНЦИ

1.Хонг Конг

2.Токио, Јапонија

3.Сингапур

4.Сеул, Јужна Кореја

  1. Цирих,Швајцарија

6.Шангах, Кина

7.Ашхабад, Туркменистан

8.Пекинг, Кина

9.Њујорк, САД

10.Шенжен, Кина

 

ТОП 10 НАЈЕВТИНИ ГРАДОВИ ЗА СТРАНЦИ

1.Тунис, Тунис

2.Ташкент, Узбекистан

3.Карачи, Пакистан

4.Бишкек, Киргистан

5.Виндхук, Намибија

6.Бандџул, Гамбија

7.Исламабад, Пакистан

8.Тбилиси, Грузија

9.Скопје, Македонија

10.Манагуа, Никарагва

Следете не и на:

24AUTO NETWORK