Следната година Lotus ќе претстави нов модел

ОБЈАВЕНО НА:

Британските автомагазини пишуваат дека Lotus наредната година ќе претстави целосно нов спортски модел.

Станува збор за модел кој е дел од најновиот петогодишен план на британскиот производител кој го промовираше кинеската компанија Geely во чија сопственост е овој производител.

Според пишувањата, новиот модел ќе користи значително модификувана платформа од онаа постоечката која се користи кај актуелните модели од гамата. Напредните возни перформанси проследени со зголемена ергономија, екоомичност и пракичност се трите елементи на кои инжинерите посветиле големо внимание.

Со овој модел стигнува и елекрификацијата која до 2025 година ќе биде применеа кај сите модели во понудата. Воедно ова ќе биде и првиот автомобил на Lotus кој ќе се произведува во Кина, а последните неколку месеци се најавува и можноста од лансирање на првиот SUV на британскиот производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK