Во оваа земја е забрането маслото за сончање

ОБЈАВЕНО НА:

Палау е првата земја во Светот која ги забрани кремите и маслата за сончање, пренесува BBC.

Оваа земја која се наоѓа во Пацификот и е со површина од само 459 километри квадратни, каде живеат близу 18 илјади жители сака да придонесе кон заштитата на природата, особено океанот и рибниот фонд.

Последните истражувања покажуваат дека овие хемиски препарати содржат токсични материи кои влијаат негативно врз рибниот фонд и останатата флора и фауна, па оттука следид и оваа забрана.

Во наредниот период исти вакви забрани ќе воведат и Хаваите, Бонаир и други помали острови од Пацификот и Карибите.