По 500.000 минати километри, Буба доби бесплатна реставрација

ОБЈАВЕНО НА:

Несекојдневна приказна ни доаѓа од САД. Во главната улога се Кетлин Брукс и неговиот автомобил VW Beetleе попопуларно познат под називот Буба. Оваа двострана љубов започнала во декември 1966 година кога Кетлин се одлучила да го купи овој автомобил со цел полесно извршување на секојдневните обврски.

И 52 години подоцна, Кетлин ја привлече јавноста благодарение на нејзината лојалност кон својот автомобил што се огледа во поминатите 350 илјади милји односно нешто повеќе од 560 илјади километри. Оваа сторија брзо го заинтересира Volkswagen па веднаш и понудија целосна, бесплатна реставрација во фабриката на германскиот производител во Пуебла, Мексико.

“Секојдневно слушаме најразлични стории за посветените и горди Volkswagen сопственици, но во приказната на Кетлин има нешто посебно што придонесе да се одлучиме да ја наградиме” изјави Дерик Хатами, заменик директор на Volkswagen America за продажба и маркетинг.

Брукс за својот автомобил кажа само пофални зборови, а наведе дека и покрај тоа што е стар сепак одлично се движи на патиштата.

Процесот на реставрација траеше 11 месеци, а била вклучени околу 60 вработени во целосна реставрација. Променет е подот, трансмисијата и суспензијата како и неколку други оперативни делови. Секако, целосно е сменета бојата на екстериерот, а реставриран е и ентериерот. Од VW објавија дека се променети 40% од деловите односно заменети се дури 357 оргинални делови.

Исто така е работено и на моторот кој е темелно исчестен и заменети се неопходните дотраени делови. Така сега, благодарение на оваа реставрација Кетлин ќе може да помине уште половина милион километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK