Dacia ќе лансира нов евтин семеен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Романска Dacia која е во целосна сопственост на фрнцуски Renault, во минатото се профилираше како бренд кој нуди ефтини возила кои се издржливи и се повеќе купувачите се решаваат за модел со знакот на Dacia. Буџетските возила со одличен квалитет и во иднина ќе бидат на менито на Романците.

Објавени се првите слики од новиот караван на Dacia. Буџетниот модел од C-класа ќе се појави во 2026 година и ќе биде изграден врз основа на продолжената платформа на новиот Duster. Ова го пренесува француски L’argus.

Новата Dacia го има работното име C-Neo и внатрешен фабрички индекс K1320. Тој треба да го замени прекинатиот караван на Renault Megane и да стане попристапна алтернатива на Opel Astra и Peugeot 308. Основната цена ќе биде околу 20.000 евра.

Караванот ќе биде постар брат на Dacia Jogger со попространа внатрешност и поголем багажник, а неговата должина ќе биде околу 4,6 m. Најблизок роднина ќе му биде предводникот на кросоверот Dacia Bigster.

Дизајнот на Dacia C-Neo ќе се одржува во новиот корпоративен стил. Има информации и за седан верзијата, но се уште не е потврдена.

Сите верзии на моделот ќе бидат хибридни. Основниот караван ќе биде опремен со 1,2-литарски бензински турбо мотор со 48-волтна „мека“ инсталација и системска моќност од 140 КС. Се очекува и верзија со фабрички систем за гас.

Поскапите модификации ќе добијат целосна хибридна инсталација со 1,8-литарски четирицилиндричен мотор и електромотор. Системската моќност на овој погон ќе биде 160 КС. Оваа опција може да биде достапна и со погон на сите тркала.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK