Премиера на четвртата генерација на BMW X5 во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Оригиналниот BMW X модел, BMW X5 е помоќен, подинамичен, технолошки понапреден, но и поудобен од сите своите предходници

Годината на BMW X моделот, достигнува уште еден врв. По претставувањето на првиот BMW X2 и новиот BMW X4, новото издание на оригиналниот BMW X модел е сега подготвено за акција. Спортски, а лукзузен, помоќен и подоминантен од кога било, новиот BMW X5 денеска во Скопје ја доживеа својата македонска премиера. Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар во својот продажно сервисен центар во Скопје, ја претстави четвртата генерација на моделот BMW X5.

Првиот BMW X5 беше претставен уште во 1999 година. Во меѓувреме, BMW X5 и целото семејство BMW X модели испишаа уникатна успешна приказна. Првата генерација на BMW X5, предокот на сите SАV возила, веќе има продадено околу 620.000 возила насекаде низ светот.  Во втората генерација, продажбата се зголеми на речиси 730.000 возила. А со третата генерација, оваа бројка се искачи на 760.000 возила. Со повеќе од 2,1 милиони возила продадени досега, BMW X5 го оправдува својот прекар „ТHE BOSS“ и евидентно е неговото значење за брендот BMW. Денес, новиот BMW X5 е на пат да го отвори следното поглавје на оваа успешната приказна со уште помоќен и динамичен дизајн, удобност и најголем избор досега на системи за помош за возачот, со кои прави чекор поблиску до автоматизираното возење, изјави Билјана Колемишевска, на официјалната промоција.

Четвртата генерација BMW X5 импресионира со изобилство иновации и го претставува најубедливото отелотворување досега, на познатото оригинално SАV возило: моќен и доминантен X дизајн, екслузивна внатрешност, нагласена спортска активност како и многубројни карактеристики што ги нагласуваат X комфоротот и удобноста.

Тој е прв модел на брендот кој може да се отклучи со BMW DIGITAL Key преку паметен телефон. Исто така, за прв пат кај BMW X5 се воведува BMW Live Cockpit Professional (вклучен како стандарден) кој претставува доследен чекор кон целосна дигитализација и ја нагласува модерната внатрешност. Возачот ги има соодветните информации во секоја ситуација, во вистинското време на контролниот дисплеј и на целосно дигиталниот инструмент кластер – и двата со големина од по 12,3 инчи.

Сето ова е проследено со просторната внатрешност што им нуди на патниците не само луксузен комфор при патувањето туку највисок степен на функционалност. Најголемите новости во овој дел се системите на потпирање со кои уште поинтензивно и поспецифично можат да се оптимизираат комфорот, спортското чувство и теренските перформанси.

За поголема инивидуализација, фабрички се достапни две алтернативи на основната варијанта. xLine кој што ја нагласува снажната многустраност на новиот BMW X5. Дополнително, M Sports пакетот ги нагласува динамичните квалитети на возилото на патот и интензивното искуство на возење обезбедено во внатрешноста.

Од претставувањето на пазарот, новиот BMW X5 ќе има 4 достапни мотори –два дизел и два бензински.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK