Ако не се поправат: Нема да се регистрираат возилата од VW групацијата

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот федерален орган за моторни возила (KBA) издаде строго предупредување до сопствениците на автомобилите од VW Групацијата за во најскор рок да го отстранат проблемот со дизел моторите. Во спротивно нивните автомобили би можело да бидат отстранети од сообраќајот.

Властите во Минхен и Хамбург веќе дерегистрираа повеќе модели на Audi и VW откако нивните сопственици игнорираа неколку предупредувања. Повеќето градови дадоа и дополнителен грејс период, но сите се едногласни дека по овој период ќе ги забранат оние возила кои не ги исполнуваат бараните стандарди.

“Повлекувањето е задолжително. Автомобилите кои не се поправени на крајот може да бидат отстранети од сообраќајот. Од издавањето на писменото предупредување сопственикот има период од година и пол за да го поправи проблемот. Тоа е многу време” соопштија од КБА.

КБА исто така отрки дека до јуни годинава, приближно 95% од погодените 2.46 милиони автомобили погодени од скандалот во Германија биле подложни на поправки односно отстранување на аномалијата. Инаку оваа наложба од КБА произлегува откако VW Групацијата призна дека инсталирала уред за мамење на емисии во 11 милиони возила ширум светот, вклучувајќи и 5 милиони возила во Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK