Kia Motors ги откри првите детали за обнoвeната верзија на најпродаваното возило на глобален план, а се работи за СУВ моделот Sportage. Основните промени се поврзани со освежувањето на надворешниот изглед, но и на внатрешноста. Тука е и воведувањето на нови системи за зголемување на безбедноста и инфо-комуникацијата и мултимедијата, како и реновирањето на опсегот на моторот.
Во третиот квартал од годината, обновента KIA Sportage ќе дебитира со модернизиран ентериер со неколку нови решенија во однос на стилистиката на инструментите, како и со првата верзија на мек-хибрид со погон на сите четири тркала за територијата на Европа.
Ќе има нов 1.6-литарски SmartStream дизелов мотор со моќност од 115 и 136 коњски сили, дволитарски дизелов мотор со варијанта за осумстепен менувач и друго.
Минатата година продажбата на Sportage го мина нивото од 450.000 возила, а границата од 5.000.000 беше достината во март годинава, три месеци после настапувањето на 25-годишнината од стартот на производството на возилото.
Во моментов Sportage се произведува на две места, во Словачка за потребите на европскиот пазар и во Јужна Кореја за другите пазари на брендот.