Колекционер за почит: Има 400 возила вредни 150 милиони евра (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Името Роџер Дадинг не значи ништо за голем број на познавачите во светот на автомобилизмот, но се работи за еден од најголемите колекционери во светот. За 50 години тој успеа да направи колекција од 400 класични автомобили и околу 60 мотоцикли со што ја има една од највредните и најголеми колекции во светот.

Првиот автомобил го има купен во 1968 година. Се работи за возилото Jensen FF, а меѓу 400 возила има и 24 примероци од Aston Martin Lagonda, што е околу 4 проценти од вкупниот тираж на луксузното возило.

Дадинг веќе има 80 години, но и понатаму не запира да купува нови возила. Што некој автомобил му го привлече вниманието тој не размислува и го купува. Се смета дека колекцијата во неговата гаража е со вредност од над 150 милиони евра.

Меѓу автомобилите коишто може да се најдат во неговата гаража има ретки примероци произведени уште во минатиот век. Меѓу нив се и голем број на класични возила од 60-тите и 70-тите години, но и модерни егзотични возила.

Еден од највпечатливите мотоцикли е 48-цилиндричното Kawasaki со мотор со работен обем од 4,2 литри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK