Најдолгиот мост во светот ќе биде во Кина (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Кина прераснува во една од светските сили, а во последните години почнаа големи проекти со кои сакаат да се доближат до земјите коишто се далеку подобро развиени. Воедно се направени и големи планови при што сакаат да го натераат населението да се пресели во големите градови.

Станува збор за околу 250 милиони лица што за споредба е 29 пати повеќе од населението во Њујорк. За да се случи оваа огромна миграција земјата веќе инвестирала десетици милијарди долари во гигантски инфраструктурни проекти.

Најамбициозниот проект би требало да почне месецов, а се работи за мостот, кој ќе ги поврзе Хонгконг, Макао и јужниот град Жухаи. Должината на мостот же биде 34 милји и тоа ќе биде најдолгиот мост во светот.

Мостот ќе се вика Хонгконг-Жухаи-Макао (Hong Kong-Zhuhai-Macau Bridge), а проектот се очекува да го намали времето за патување за пола од времето. Патниците ќе можат да патуваат од Макао до Хонгконг за околу еден час.

Мостот ќе има шест ленти и четири тунели, а едниот од нив ќе биде под вода. Во водата се изградени и четири вештачки острови, кои ќе треба да ја одржат структурата на мостот.

Мостот е направен од 420.000 тони челик и веќе е прогласен за „инженерско чудо“. Инаку, количината на материјалот е доволна за да се изградат 60 Ајфелови кули.

Се очекува секојдневно преку мостот да поминуваат околу 40.000 превозни средства, а меѓу нив се вклучени и автобусите кои би требало да возат во интервали од десет минути.

Патот ќе биде само за моторни превозни средства и нема да има ленти за пешаци или за велосипедисти. Според властите мостот е изграден за да се користи 120 години.

Цената за градењето не е официјално објавена, но според неофицијални информации е близу до 15 милијарди долари. Градењето требаше да трае седум години, а е почнато во 2012 година.