Украина го трга жолтото светло од семафорите

ОБЈАВЕНО НА:

Премиерот на Украина, Владимир Гројсман им наредил на неколку агенции да ја испитаат можноста за тргање на жолтото светло од семафорите. Ова го објави министерот за инфраструктура, Јури Лаврењук кој вели дека ова се прави за да се намалат проблемите во сообраќајот.

„Премиерот им порача на Министерството за инфраструктура, Министерството за внатрешни работи, Националната полиција, Укравтодор (патничка агенција) и Укртрансбезбедност (Служба за транспортна безбедност) да го проучат прашањето за тргање на жолтото светло од семафорите“, вели Лаврењук.

Според зборовите многу земји низ светот се откажуваат од жолтото светло и воведуваат потешки казни за поминување на црвено.

Властите во Украина го аргументираат овој предлог со големиот број на несреќи при обидите на возачите да ја минат раскрсницата меѓу црвеното и зеленото светло на семафорот.