Toyota GR Yaris одличен на тестот на “Северен елен” (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанскиот магазин КМ77 веќе подолго време го спроведува тестот „еленски скок“ на автомобилите. Во последниот тест главната улога ја имаше GR верзијата на Toyota Yaris.

Овој мал автомобил, но со одлични брзински перформанси, го помина тестот со надпросечна брзина.

Така, иако првиот обид беше неуспешен, во вториот Yaris GR ги помина успешно сите препреки при брзина од 80 км/ч, што е повеќе од многу други автомобили кои се најдоа на овој тест.

Овој автомобил покажа извонредни перформанси на свиоците, а како изгледаше целосниот тест може да погледнете на видеото во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK