Jaguar J-Pace доаѓа во 2021 година

ОБЈАВЕНО НА:

По успешното лансирање на F-Pace, E-Pace и I-Pace, британскиот производител Jaguar во 2021 година ќе го лансира и најголемиот SUV во понудата именуван како J-Pace.

Оваа вест доаѓа откако претходно директорот на Jaguar Land Rover (JLR) за азијско-австралискиот регион, Метју Визнер изјави дека сите опции се во игра, но дека најголемиот модел во понудата мора да биде доволно различен во однос на Range Rover како не би дошло до канибализам во самата компанија.

Доаѓањето на J-Pace се очекува да се случи не подоцна од првата половина во 2021 година, а истиот би користел модификувана алуминумска архитектура од Range Rover, но и истите мотори што се во понудата. Голема е веројатноста во понудата J-Pace да биде понуден и на електрифициран погон.

Шпекулациите во моментов говорат дека почетната цена за основниот модел треба да изнесува нешто над 80 илјади евра, акцентот Jaguar ќе го стави на американскиот и кинескиот пазар каде големите SUV возила се особено популарни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK