Fiat го повлече моделот 124

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот производител Fiat објави дека запира продажбата на моделот 124 од пазарот во Велика Британија, пренесуваат британските медиуми.

Fiat не соопштува поради кои причини го повлекува моделот чије производство започна во 2016 година како плод на соработката со Mazda. Тоа остава простор за слободно толкување на овој потег па така се шпекулира дека ова е почетна акција од повлекувањето на овој модел од Европа каде во 2017 година се продаде во нешто повеќе од 7.500 примероци.

Според други шпекулации причината за повлекувањето е ценовната неконкурентност во однос на моделот Mazda MX-5 кој овие две компании заедно го развиваа. Имено, овој јапонски автомобил во Велика Британија е поевтин за околу 1.200 евра. Па доколку се земе малиот број продадени автомобили и не толку конкуретната цена може да се најде цврста причина за повлекувањето.

Друга причина пак се наведува тоа што 1.4 литарскиот Multiair бензински мотор наводно не ги исполнува барањата согласно WLTP процедурите па ова е на некој начин превентивно повлекување на овој модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK