Норвежаните лудуваат по Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Изненадувачки, но Норвешка веќе трета година е најголем пазар за електрични автомобили во Европа, а со тоа и меѓу најголемите во светот. Доказ за тоа е минатогодишната продажба од 194.000 автомобили.

Зад оваа бројка се крие уште еден факт, а тоа е дека Норвежаните се вистински вљубеници во моделите на Tesla.

Како што пренесува норвешкиот весник Gjengangeren 31,2% од минатогодишната продажба или поточно 60.590 електрични автомобили се од брендот Tesla што е значајно зголемувањео 2017 година кога пазарниот удел изнесуваше 20,8%.

Дека оваа бројка е голема говори и податокот дека Холандија која е втора земја според продажба на нови Tesla автомобили, изминатата година во оваа земја се продале 8.585 Tesla автомобили што е далеку помалку од бројката продадени во Норвешка.