Во Франција произведен 4 милионитиот примерок на Yaris

ОБЈАВЕНО НА:

Во фабриката на Toyota Motor France во францускиот град Онаинг, произведен е четири милионитиот примерок од моделот Yaris на Toyota.

Јубилејниот примерок е во двобојна црвено-црна каросерија и со хибриден погон. При тоа не е познат пазарот на кој ќе биде испорачан овој примерок.

Овој модел од Б сегментот, јапонскиот производител го воведе во 1999 година. Веќе следната година беше избран за Европски автомобил на годината, а ги освојуваше и престижните награди во многу земји.

Од овој модел досега се претставени четири генерации, а во зависност од регионот, Yaris е познат и под имињата Vitz, Platz, Belta и Vios.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK