Анализите покажаа: Mercedes-Benz е автомобилски бренд со најголема цена

ОБЈАВЕНО НА:

Последната анализа направена од Brand Finance, покажа дека Mercedes-Benz е на врвот на листата на автомобилските компании кои се на најголема цена. Сумата на која што е проценета компанијата Mercedes-Benz е 43 милијарди и 930 милиони долари.

На 2. место на оваа листа се најде Toyota која е проценета на 43,7 милијарди долари, додека BMW заостанува и е трет со 41,79 милијарди долари. Тоа е пад за едно место во однос на минатата година.

Во топ 10 на најценетите автомобилски брендови во светот се најдоа и:
Volkswagen (33.670 милијарди долари),
Honda (22.132 милијарди и скок од 2 позиции),
Nissan (19.376 милијарди долари и пад од една позиција),
Porsche (19.055 милијарди долари и скок од 2 позиции),
Ford (17.294 милијарди долари и пад од две позиции),
Audi (14.951 милијарди долари и пад од една позиција)
Chevrolet (12.822 милијарди долари).

На следните десет позиции се наоѓаат компаниите: Renault, Land Rover, Hyundai, Lexus, Subaru, Haval, Ferrari, Geely, Tesla и Kia.

Кинеските автомобилски компании имаат исто така подобрување. Најдобрата оценка ја има Haval со пораст од 124 проценти и со цена од 6,8 милијарди долари. Потоа следуваа Geely (+62%, 6 милијарди долари), BYD (+211%, 3.4 милијарди долари), Baojun (+98%, 1.8 милијарди долари) и Foton (+90%, 1 милијарди долари).