Десетте најмоќни автомобили на саемот во Женева (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија во последните години го насочи своето внимание кон еколошки прифатливите погони, но сосема јасно е дека не се откажуваат и од брзините така што коњските сили не недостигаат ниту во современите автомобили.

Тоа најдобро можеше да се забележи на саемот во Женева каде што беа прикажани навистина силни автомобили.

Една така листа ги донесе десетте најмоќни автомобили од овој саем.

  1. Mercedes-Maybach S650 Sedan

Се работи за топ понуда на Mercedes-Benz, а за свој погон го користи битурбо бензинецот 6.0 V12 со 621 коњски сили.

  1. Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe

После големиот успех кој го постигна Mercedes-AMG GT дојде и купе-лимузината која се нарекува Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe. Главниот виновник за зголемувањето на адреналинот е 4-литарскиот битурбо бензинец V8 со 630 коњски сили.

  1. Lamborghini Huracan Performante Spyder

Купе изведбата на италијанската фирма веќе одамна покажа одлични возачки карактеристики, па во Женева стигна кабриолетот Lamborghini Huracan Performante Spyder, кој користи атмосферски бензинец 5.2 V10 со 630 коњски сили.

  1. Ferrari 488 Pista

Екстремната изведба на моделот 488 GTB се нарекува Ferrari 488 Pista. Има 3,9 литарски битурбо V8 бензинес со 710 коњски сили.

  1. Mclaren Senna GTR

Тркачка изведба на автомобилот McLaren 720S се нарекува McLaren Senna GTR. За жешките перформанси е задолжен битурбо бензинецот 4.0 V8 кој е набиен на 825 коњски сили и 850 Nm.

  1. LVCHI Venere

Новиот произведувач на автомобили од Кина се нарекува LVCHI, а судејќи според првата премиера ќе биде специјализиран за електронски модели. LVCHI Venere е атрактивен седан со електронски погонски склоп од 992 коњски сили.

  1. Aston Martin Valkyrie AMR Pro

Моделот кој е создаден исклучиво за натпреварување се нарекува Aston Martin Valkyrie AMR Pro, а користи комбинација од електромотор и бензинец V12, кој располага со комбинирана сила поголема од 1100 коњски сили.

  1. Zenvo TSR-S

Произведувачот од Данска кој уште нема стекнато светска слава во производството на хиперспортски автомобили во Женева настапи со екстремниот модел Zenvo TSR-S. Два турбополначи се доволни за во моторот 5.8 V8 да се најдат дури 1177 коњски сили.

  1. Techrules Ren RS

Болидот со едно седиште наменет исклучиво за тркачката патека има комбинација на дури шест електромотори. Два од нив силата ја даваат на предната, а четири на задната оска. Комбинираната сила изнесува дури 1287 коњски сили.

  1. Corbellati Missile

Познатиот произведувач на накит во Женева ја претстави ракатета Corbellati Missile, која од 9-литарскиот V8 мотор испалува дури 1800 коњски сили.

  1. Rimac Concept Two

Главната ѕвезда на годинешниот саем во Женева е Мате Римац. Тој го покажа моделот Rimac Concept Two односно C_Two кој има 1914 коњски сили, а до стотка успева да забрза за помалку од две секунди.