Возите Jaguar: Можете да полните гориво без плаќање на каса!

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител во соработка со бензинските пумпи на Shell им овозможува на сопствениците на Jaguar XE, XF и F-Pace да полнат гориво во своите возила без готовина или картички. Само со допир на екранот во возилото каде има инсталирано апликација.

Идејата функционира едноставно. Доаѓате на бензинска станица, внесувате ПИН, го полните резервоарот или ви го полнат, го потврдувате купувањето со притискање на екранот и заминувате. Сметката ви доаѓа по пошта.

Моментно функцијата може да се купи по пат на Paypal или Apple Pay, a наскоро доаѓа и подршка за Андроид.