Другата страна на Lada Niva

ОБЈАВЕНО НА:

Ако синоним за Lada, особено Niva е неприкосновеноста на планинските и недостапни терени како и можноста да функционира на многу ниски температури, овие денови на интернет се појави една друга Lada Niva.

Карактеристично за оваа изведба е моќноста која се гледа во 200 КС како и неколку напредни технологии како што се предните и задни LED светла.

Најзаслужен за ова е русинот Александар Гончаров кој од својата стара Niva направи супер моќен автомобил. За моќта од 200 КС најзаслужен е 1.7 литарскиот осум вентилски мотор во кој е вграден турбо.

Тука секако се и новите сопирачки, бандажи, новата предна маска за ладилникот, ретровизорите со вградени трепкачи и слично.