Звучници за Lamborghini чинат колку нов автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Да се поседува возило како Lamborghini значи да се биде доволно богат па да не се мислите кога ќе треба да нарачате некоја „ситница“ плус во возилото. На пример аудио систем. За „целосен изглед“ тој има пресудна важност.

А тој понекогаш чини доста, особено ако е со потпис на моделот како и вашиот автомобил. Можете да си нарачате и некои „нормални“, но оние со потпис на Lamborghini се сепак оригинални. Тие понекогаш знаат да чинат и со десетици илјади евра.

Веќе на прв поглед се вљубивате во аудио системот, а кога и ќе го чуете тогаш задоволството е големо.
Lamborghini се здружи со италијанскиот производител iXOOST и создале одлична музичка кутија.
Инспирација е најдена во моделот Aventador и дури и се користени некои делови од автомобилот, како што се јаглеродните влакна, или делови од суспензијата, а користен и вистински дел од системот за издувни гасови.

Целиот систем тежи 53 кг и има 800 W.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK