Лада е неуништива – шест месеци во вода и пали без проблем (Видео)

Некогаш доволно е моторот да го измиете со млаз вода и потоа да имате проблеми да запали повторно. Но Лада поажа дека нивните возила се речиси неуништиви.

По шест месеци потопен автомобил во езеро на истиот му требало малку време и помош за повторно да го произведе познатиот звук.

Ова им успеа на Русите од каналот Гараж 54 кои се познати како инвентивни и на моменти со луди идеи.

Погледнете како траеше целиот процес на вадење на возилото ид езерото и потоа оспособување. Се празнеше водата од просторот за мотор, додавање свежо масло и гориво….