Volvo не ја издржа кризата – откажува неколку проекти

ОБЈАВЕНО НА:

Volvo беше првиот прозиводител кои ги прилагоди своите очекувања за оваа година како последица од коронавирусот. Сега е и првиот производител кој се откажа од некои проекти со цел да се прилагоди на новонастанатата ситуација, но и да ги ублажи ефектите од коронавирусот.

“Нашете одделение за истражување и развој планира бројни проекти, но сега мораме да одлучиме кои од ие за нас се навистина потребни” изјави Хакан Самуелсон, директор на компанијата. Притоа не прецизираше кои од проектите би биле откажани, а на кои ќе се продолжи и натаму да работи.

Земајќи ги во предвид изјавите и соопштенијата од минатата година, Volvo во моментов работи или планира да работи на развој на напредна технологија за електрични возила и камиони, но и на цела понуда на електрични возила како и редизајн на постоечката гама.

Она што се очекува е значително доцнење во претставвуањето на новите, редизајн изведби на постоечките модели. Сите следни чекори и проекти кои ќе бидат одложени, како и временската рамка на оние кои ќе бидат реализирани ќе биде познато следниот месец кога ќе се одржи состанок.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK