Volvo Cars Македонија наскоро со нов центар

ОБЈАВЕНО НА:

Импортерот на возилата од брендот Volvo во Македонија, компанијата Премиум АГС ги претстави плановите што ги имаат зацртано за 2019 година. Најголемата новина е што наскоро ќе биде отворен првиот Volvo Centat во Македонија.

Истовремено назначен е нов бренд менаџер, Филип Поповиќ кој зад себе има богато и долгогодишно искуство во автомобилскиот бизнис во Македонија работејќи за неколку различни брендови.

Плановите на Премиум АГС се годинава да се продадат меѓу 55 и 60 возила од брендот Volvo, а истовремено да се отвори и нов салон. Изградбата на новиот Volvo Centar е во завршна фаза и и од компанијата најавија наскоро дека ќе го кажат датумот за официјалното отворање на првиот салон на Volvo Cars во Македонија изработен според светските Volvo стандарди.

Со ова, Македонија конечно ќе добие рамноправно место на светската мапа на Volvo Cars и ќе ги пречека потенцијалните клиенти во ултра-модерни простории дизајнирани специјално за овој премиум бренд.

Со отворањето на новиот салон ќе биде промовиран и новиот модел S60. Планирани се и други активности со цел приближување на брендот Volvo до сите купувачи низ Македонија.

Сите модели на Volvo што се достапни во моментов може да се видат и испробаат во Volvo Cars Macedonia на ул. Перо Наков бр.25.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK