Volkswagen планира да го продаде Lamborghini

ОБЈАВЕНО НА:

Според информациите кои ги објавува Bloomberg, групацијата Volkswagen планира да го продаде Lamborghini или да го стави на берзата. Од страна од VW уште нема никакви информации, бидејќи одлуките се во тек и се доверливи. Само е познато дека сè уште не се донесени конечните одлуки.

Зад Lamborghini е финансиски успешна година, во најголем дел поради одлуката да се влезе во СУВ сегментот, а нејзиниот успех се должи во продажабта на Urus и воведувањето на освежениот Aventador, како и новиот хибриден суперавтомобил. Со сегашната финансиска состојба Lamborghini е идеален кандидат за прва јавна понуда на берзата.

Генералниот директор на VW Group, Херберт Дис, кој ја презеде оваа позиција во април во 2018 година се фокусира на проширување на најголемите глобални брендови на Volkswagen, Porsche и Audi за поефикасно користење на ресурсите. Инвеститорите исто така го охрабруваат ова веќе долго време бидејќи вредноста на компанијата се исцрпува со мотоцикли, камиони и супер автомобили. Тие во моментов сакаат да ја зголемат пазарната вредност од 89 милијарди долари на 220 милијарди долари.

Според наводите на Bloomberg  подготовките за трансформација на Lamborghini како посебен правен субјект се веќе почнати и конечната одлука ќе биде донесена до крајот на 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK