Volkswagen на 3 ноември ќе покаже уште еден ID член

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen продолжува да го зголемува бројот на членовите на семејството ID, а најновиот од нив ќе биде претставен во среда, на 3 ноември. Се работи за ID.5 GTX кој ќе дебитира како дизајнерска верзија на ID.4 GTX со слична визија и идентични технологии.

Иако VW не открива многу за моделот, тој најверојатно ќе биде придвижуван од истите два електромотори како ID.4 GTX со моќност од 299 КС. Километража што може да ја мине е 497 километри и ќе ја обезбеди батерија од 77 kWh.

Двата модели најверојатно ќе го делат истиот дизајн до почетокот на задните врати, каде ID.5 GTX ќе се одликува со својот имагинативен дизајн. Тој се очекува да биде спортската верзија да добие мал спојлер на вратата од багажникот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK