Вака би можело да изгледа редизајнираната Opel Astra

ОБЈАВЕНО НА:

Иако годинава во центарот на вниманието несомнено е новата генерација на Opel Corsa, се повеќе медиуми пишуваат за идната Astra. Како важен модел не само во понудата на Astra туку и во портфолиото на PSA Групацијата, инжинерите во овој производител посветуваат големо внимание на фејслифтот на Astra.

По бројните најави околу подновената Astra, за хибридниот погон, понудата на мотори и слично, влијателниот британски автомагазин AutoExpress без да открива официјални технички карактеристики на својата интернет страна објави рендер за тоа како би изгледала редизајнираната Opel Astra.

Во однос на моторите, овој модел ќе ги има во целост развиените од PSA мотори. Се шпекулира дека новитет на постоечката понуда на мотори ќе биде бензинскиот мотор со 81 kW односно 108 КС како и уште еден бензински мотор со 162 kW односно 217 КС. Во понудата на оваа генерација ќе се наоѓаат и дизел мотори кои ќе продуцираат од 99 КС до 177 КС.

Caradisiac претходно, повикувајќи се на сигурни извори од PSA Групацијата објави дека оваа Astra во продажба ќе се појави во 2021 година, но се поизвесно е дека тоа ќе се случи уште следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK