Toyota со огромна загуба во вториот квартал

ОБЈАВЕНО НА:

Лоши финансиски перформанси на Toyota во вториот квартал годинава, покажува официјалниот финансиски извештај на компанијата.

Така во наведениот период забележана е добивка од 158,8 милијарди јапонски јени што е еквивалентно на 1,5 милијарди долари. Тоа претставува пад на добивката од 74% споредбено со истиот период минатата година кога е остварена добивка од 619 милијарди јени.

Во овој втор квартал Toyota успеа да испорача 1,2 милиони возила на глобалниот пазар што е за речиси двојно помалку од минатата година кога беа продадени 2,3 милиони.

Од компанијата наведуваат дека овој резултат бил очекуван, а најголем виновник е пандемијата на коронавирусот. “Влијанието на Ковид-19 е широко, големо и сериозно и за очекување е овој слаб резултат да продолжи” наведуваат од компанијата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK