Toyota останува без еден модел од следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota останува без моделот Avalon во својата понуда од крајот на следната година, потврдуваат од јапонскиот производител. Причината за оваа одлука лежи во слабата продажба забележана последните неколку години во САД.

Во САД кој е главниот пазар на овој модел, минатата година беа продадени 18.421 примерок споредбено со неколку години претходно кога на годишно ниво се продаваа од 50 до 70 илјади примероци.

Портпаролот на Toyota America не прецизираше дали овој модел ќе добие наследник, но од неговата изјава во која се вели дека јапонскиот производител ќе остане посветен на сегментот на лимузини може да се добие впечаток дека наскоро би можеле да видиме нов модел како наследник на Avalon.

Акутелната генерација на Avalon е петта и истата е претставена во 2019 година. Со оглед на тоа што ќе биде повлечена во текот на следната година тогаш Avalon ќе биде моделот чија генерација најмалку се има задржано на пазарот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK