Во Германија „лежат“ над 100.000 непродадени електрични автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Во Германија, повеќе од 100.000 електрични автомобили кои не нашле купувачи се натрупале во магацините на производителите и дилерите на автомобили. Главните причини за оваа појава се намалувањето на побарувачката, прекинувањето на државните субвенции и активната поддршка на автомобилите со мотори со внатрешно согорување.

Овие електрични автомобили се паркирани во фабрики, застапништва и пристаништа. Неочекуваниот крај на владините субвенции за набавка на електрични автомобили на крајот на минатата година доведе до голем пад на нивната продажба.

Привремените попусти што ги нудат производителите не го дадоа посакуваниот резултат поради неизвесноста на пазарот, а Германците во принцип преферираат автомобили со мотори со внатрешно согорување и поконкретно дизел автомобили.

Состојбата делумно ја спасија извозните залихи, но ниту тоа не помогна да се реши проблемот. Во мај 2024 година, Германија извезла 786.000 електрични возила, што е за 58% повеќе од претходната година. Главните пазари се Холандија, Велика Британија и Белгија.

Сепак, според експертот Вернер Оле, „извозот не може да ги реши сите проблеми. Производството на автомобили кои последователно треба да се складираат некаде е скапо и може да се компензира само со сериозни попусти. Но, тогаш постои ризик сметките на производителите на автомобили да не излезат како штопланирале и тие да почнат да продаваат со загуба“.

Европските производители на автомобили доцнеа во развојот на електрични возила, заостанати во технологијата и софтверот. Како резултат на тоа, нивните EV модели се трупаат во магацините поради високите цени, додека кинеските компании брзо го преземаат пазарот со попристапни и технолошки напредни модели.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK